Untitled Document
MK / EN

Сертификат EN ISO 9001 

Управување со квалитет

 

ДИС ГРУПА е структуирана на начин кој обезбедува квалитетен производ и услуга на своите клиенти, ползувајќи ги професионалните квалификации на целокупниот тим, во корелација со пропишаните нормативни барања и стандардите на индустријата за производство на челик. 

ДИС ГРУПА  континуирано ќе го следи степенот на задоволство кај клиентите и ќе ги проучува и исполнува нивните препораки, барања и рекламации , со цел истите да ги користи за подобрување на производите и услугите кои ги нуди

ДИС ГРУПА се грижи за воспоставување на долготрајна и квалитетна соработка со своите добавувачи

ДИС ГРУПА се стреми да одржува висококвалификуван и мотивиран тим, водејќи грижа за креирање на благопријатен творечки амбиент, во кој секој е свесен за важноста на своите активности во процесот на остварување на барањата на клиентите и перспективниот развој на компанијата.

ДИС ГРУПА спроведува континуиранa обука и едукација на вработените како основна потпора на Системот за управување со квалитетот.

ДИС ГРУПА ќе го поддржува Системот за управување со квалитет во согласност со барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2008.

ДИС ГРУПА се обврзува на спроведување на корективни и превентивни мерки за постојано унапредување на квалитетот на производите и услугите кои ги нуди.

ДИС ГРУПА ќе се стреми кон идентификување и елиминирање на сите ризици и недостатоци кои може да доведат до губење на довербата на клиентите и до намалување на профитот.

ДИС ГРУПА го контролира развојот на секој процес кој има влијание на квалитетот на производите и услугите.

ДИС ГРУПА им гарантира на своите клиенти коректност и максимално исполнување на преземените ангажмани.

ДИС ГРУПА се обврзува на исполнување на барањата на Законската регулатива, заштита на работната и на животната средина, како и чување на ресурсите и инвестиците на најдобар можен начин.