Untitled Document
MK / EN

Контејнерски единици

Контејнерите се еден од првите производи на ДИС и од самите почетоци па се до денес во континуитет се изработуваат како стандарден производ или во модифицирани варијанти, во зависност од побарувањата. Зависно од потребите контејнерите може да бидат станбени, за домување и административно-деловен простор,  санитарни со различен распоред на санитарии согласно потребите и контејнери наменети за времено или постојано складирање на стоки.

 

Стандарни димензии на контејнер се 6058 мм x 2438 мм  x 2591 мм.

Во нашата понуда можат да се најдат единечни (самостојни) контејнерски единици и модуларни, т.н. сложувалки. 

Предности:

- Флексибилност во креирање на сопствениот простор со едноставна комбинација на број на единици, кои можат да се комбинираат хоризонтално или вертикално;

- Комплетен пакет;

- Едноставен и брз транспорт;

- Лесна употреба и долг век на експлоатација;  

- Висок квалитет на изработка, со употреба на најдобри материјали;

- Разновидност во изградбата и монтажата на единиците (продавници, домување, спални соби, мобилни станици, клубови и сл.)

Во можност сме да ви понудиме контејнери со специфични димензии и во разновидна палета на бои. Инсталираме специјална опрема по барање на клиентот.

  ТЕХНИЧКИ КАРАРАКТЕРИСТИКИ НА КОНТЕЈНЕРСКИТЕ ЕДИНИЦИ