Untitled Document
MK / EN

Челична конструкција


Зошто токму челик?

 

Челикот е материјал на неограничени можности. Тој е стабилен партнер со инзвонредни карактеристики, секогаш доволно атрактивен за инженерите и инвеститорите. Тој е совршено решение за изградба на модерни конструкции. Со својата 100% ефективност, имагинацијата на архитектите ја претвора во реалност. Ниската цена, одличните механички карактеристики, високите статички можности, трајноста, бесконечните можности за креација и флексибилноста го воведуваат на прагот на новата ера во челичната индустрија. Индустриските објекти кои се изработени од челик денес се најефективното решение на пазарот. Во согласност со потребите на инвеститорите се дефинира слободниот простор и растојанието помеѓу носачите. Не постојат ограничувања во однос на должината на објектот, ниту пак во бројот на челичните рамки кои се вградуваат. Според намената, објектите можат да бидат индустриски, административни, спортски градби , магацини итн.

ПРИМАРНА КОНСТРУКЦИЈА – за носечки товари

Овој тип на конструкција може проектантски да биде категоризирана како:

• Исполнета

• Решеткаста или

• Комбинација

СЕКУНДАРНА КОНСТРУКЦИЈА - подконструкција

Може да биде од ладновалани, поцинкувани или стандардни челични профили. Се користи за покриви и фасади.

Материјалот за изработка на челичната конструкција е стандарден конструктивен челик, најчесто со квалитети од  S 235 до  S 355. Други квалитети се достапни по порачка за специјални намени. За спојување при монтажа на конструктивните елементи се користат висококвалитетни шрафови со квалитет 8.8. При производство, челичната конструкција се заштитува од дејство на атмосферски и влијанија на околината со повеќеслоен антикорозивен премаз. Стандардно дебелината на антикорозивниот заштитен слој е околу 80 микрони, доколку поинаку не е дефинирано во проектната документација. Доколку настане оштетување на заштитниот слој во текот на монтажата, истиот на лице место се санира.