Untitled Document
MK / EN

ДИС ГРУПА води грижа за професионално усовршување на персоналот и унапредување во согласност со современите технологии и модерениот дизајн. Во изминатите неколку месеци, компанијата зема учество на едукативни семинари од следниве две области:

 

1. Семинар на тема

ОСНОВНИ АЛАТКИ ВО ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА/ Паралела помеѓу Експерт од областа за безбедност и здравје при работа и Претставник на вработените. ДИС е компанија која ги спроведува сите стандарди и регулативи во системот за безбедност и здравје при работа. Тоа значи имплементирање на законските регулативи за заштита на животната средина, како и лицата кои работат, сето тоа под авторитетот на компанијата која е овластена за таа цел.

2. Семинар на тема

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Предавач Проф. др Петар николовски, диа

Основната идеја на ова предавање е да се изврши имплементација на современите композитни системи за надворешна топлинска изолација (КСИНТИ), проучување на методите за нивно вградување, и секако, потребите од изолација, воопшто. Доколку нашата првенствена цел како инженери е да изградиме внатрешни простори со здрава клима и мали трошоци за снабдување со електрична енергија, тогаш, мораме да размислуване како да ги имплементираме новите материјали и техники кои денес ни ги дава модерната индустрија. Како професионалци на ова поле, ние мора да знаеме се за композитните системи за надворешна топлинска изолација, да се обидеме да ги подобриме еколошките стандарди, а да ги намалиме економските трошоци.

ДИС веќе ги имплементираше нормите и регулативите за енергетска ефикасност во процесот на изградба на својата нова административна зграда. Работејќи според нормативите и имплементирајќи софистицирани материјали, ние успеавме да ја оствариме целта: да изградиме објект од категоријата на високоенергетски градби.